
ФОТО Познатата активистка Грета Тунберг во Тетово, ги поддржа активностите за новиот Социо-културен центар
Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг деновиве престојува во Тетово, каде што го посети просторот на новиот Социо-културен центар „Простор Тетово“, чија адаптација е во тек.
Од Центарот информираат дека во изминатата недела повеќе од 100 волонтери од локалната заедница, како и од Белгија, Косово, Црна Гора и Босна, активно работеле на подготовките и уредувањето на новите простории.
Инаугурацијата на новите простории е закажана за утре во 18:00 часот.
Престојот на Тунберг во Тетово доаѓа по нејзиното учество на пропалестински протест во Тирана, а пред тоа беше депортирана од Израел, каде се обиде да достави хуманитарна помош за цивилите во Газа преку бродот „Мадлен“.