
ФОТО Пожар во напуштен објект на Јужен Булевар, гори отпаден материјал
Пожар вечерва избувна во напуштен објект на поранешниот Јужен Булевар во скопската населба Кисела Вода.
Репортер на 4NEWS.mk јавува дека на терен е екипа на противпожарната служба со 4-5 пожарникари.
Дел од жителите кои паркираат пред овој напуштен објект во моментов ги повлекуваат возилата поради опасноста од пожарот да се прошири.
„Не гледаме чад, но се чуствува лоша миризба, брзо пристигна пожарната откако пријавивме“, ни вели жителка која живее во близина.
Не јасно е во моментов од што е предизвикан пожарот.
На неколку метри од тука се наоѓа и училиште со спортска сала, а надвор се и учениците од втора смена.