
ФОТО Пожар во Кучевиште го остави семејството Нешковиќ без дом – апел за помош до сите хумани луѓе
Денеска во село Кучевиште избувнал пожар во кој била опожарена фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ. Огнената стихија целосно го уништила домот, оставајќи ги членовите на семејството без кров над глава.
Во објавата, граѓаните апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат на настраданите и да ја покажат својата солидарност. Секој вид на помош, било материјална или финансиска, е добредојдена, особено во овие студени денови.
Контакт за помош: Раде – 075 330 478.
Апелот има за цел да се соберат средства и поддршка што е можно поскоро, за семејството да може да има привремен покрив над глава и да ја преброди тешката ситуација.
