Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тројца осомничени за дивата депонија во Вардариште, МВР поднесе кривични пријави по протестите на граѓаните
Македонија

Тројца осомничени за дивата депонија во Вардариште, МВР поднесе кривични пријави по протестите на граѓаните

03/09/2025

AA

По неколкудневниот пожар и денешните граѓански блокади поради загадувањето од Вардариште, Министерството за внатрешни работи информираше дека поднело кривични пријави против три лица за создавање на дива депонија на истата локација.

Од СВР Скопје соопштија дека по извршени претреси вчера и денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Според полицијата, тројцата осомничени подолг временски период, заклучно со вчерашниот ден (2 септември), на улицата „Зендел Џемаил“ во рамките на Вардариште, создале депонија спротивно на сите прописи за заштита на животната средина.

„Тројцата вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за управување со отпад“, се вели во соопштението на МВР.

Од таму додаваат дека со оставањето, фрлањето и непрописното транспортирање на отпад, осомничените влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.

Оваа полициска акција следува како одговор на огромниот притисок од јавноста, откако пожарот кој избувна во неделата предизвика неподнослива миризба и чад над источниот дел на Скопје, што резултираше со секојдневни блокади на клучни сообраќајници од страна на револтираните граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy