
ФОТО: Попладнево пожар во една од највисоките кули во Скопје
На 17-ти кат во една од највисоките кули во Скопје попладнево избувнал пожар.
Првично пожарот избил во кујната пo што веднаш се активирал системот за противпожарна заштита.
Од Противпожарна Скопје за 4news.mk велат дека на терен излегле со 2 противпожарни возила но воопшто не интервенирале, бидејќи системот за гаснење пожари ја завршил работата.
Пожарникарите направиле увид на 17 кат во облакодерот и констатирале дека нема опасност од повторување на пожарот.
Краток период станарите биле евакуирани.
