
ФОТО Полна Месечина над облакодерите во Скопје
„Нашиот член Боби Кузманоски успеа да ја сними полната Месечина како изгрева над облакодерите Џеваир“, објавија од скопското астрономско друштво.
Кога ќе се појави полна Месечина на првиот или вториот ден од месецот, тоа значи дека повторно ќе биде полна во последните денови од месецот, па затоа во англосаксонската култура се нарекува сина Месечина, што се користи како фраза за некој редок настан, а не дека Месечината навистина ќе стане сина.
Фотографија на Боби Кузманоски