
ФОТО Полиција и натаму го обезбедува местото каде што беше пронајдено телото на Вања
На граница меѓу Град Скопје и општина Чучер Сандево беше пронајдено телото на 14 годишната девојка Вања, потврди вчера полицијата и обвинителството. До локацијата се стигнува по земјен пат, а не е далеку од селото Бразда каде пак беше пронајден автомобилот со кој била киднапирана Вања од Скопје.
Од вчера и официјално за убиецот Љупчо Палевски Палчо распишана е и меѓународна потерница. Обвинителството отвори и официјална истрага за двојното убиство. Според наши извори, во суд Палчо ќе одговара за две дела „грабнување“ и „убиство“, односно „егзекуција“.
4NEWS.mk ги пронајде и посети и двете локации. На првата го пронајдовме опожареното возило, таму останати беа само делови од колата или стопена пластика. Сите други траги ги собрала полицијата, меѓу кои и регистарската табличка по која полицијата го препозна автомобилот.
На втората локација не далеку од првата, го пронајдовме и местото каде што било оставено телото на 14 годишната девојка. Таму се уште има полиција и го обезбедува местото. Според наши информации се уште се собираат докази од местото. Во моментов останува нејасно каде е убиена Вања, дали била однесена во некое живеалиште или директно на местото каде што е и пронајдено телото.
Она што е сигурно и потврдено од полицијата, дека Вања е убиена со куршум и тоа испукан од лицето во бегство. Љупчо Палевски Палчо.
