
ФОТО Осум кандидати за претседател во првиот круг – две жени против шест мажи
Се комплетира списокот на кандидатите за претседател на претстојните избори.
Засега во јавноста познати кандидатури се на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица, Вело Марковски како независен кандидат и Стевче Јакимовски, кандидат од ГРОМ.
Според информациите, СДСМ повторно ќе му даде можност на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
ДУИ ќе излезе во трката со актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак се очекува кандидат да биде Гордана Силјановска Давкова, за која попладнево од партијата информираат дека се пријавила на Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ при што поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.
Од ЗНАМ – За наша Македонија се очекува да донесат одлука во текот на утрешниот ден, а ќе се бира меѓу кандидатите Максим Димитриевски или Венко Андоновски.
Инаку, претседателските избори се закажани за 24 април.