Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО: Нуркачи го чистеа Охридското Езеро – од дното на езерото извадена голема количина цврст отпад
Македонија

ФОТО: Нуркачи го чистеа Охридското Езеро – од дното на езерото извадена голема количина цврст отпад

27/05/2023

AA

Членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска спроведоа голема еколошка акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад.

Акцијата насловена „ОХРИД ЕКО 2023“ беше изведена на две локации – кај Изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на пристаништето во таа населба на источното крајбрежје на езерото.

Во акцијата се вклучија 28 нуркачи  од Нуркачкиот центар „Амфора“, од Спелеонуркачки клуб „Врело“ од Скопје, како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира охридскиот клуб.

Од дното на езерото е извлечена голема количина разновиден цврст отпад, како што се пластични шишиња, лименки, пластична амбалажа, конзерви…Благодарение на соработката со ЈП „Охридски комуналец“ ѓубрето е собрано и однесено на депонија.

Проектот е реализиран со поддршка на „Скопско АД“ од Скопје и на Ресторанот „Острово Св Наум“.

Од „Амфора“ истакнуваат дека најголемата количина цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото. Раководителот на „Амфора“, Јован Секулоски, потсети на нивната иницијатива од пред неколку години за изградба на мини-брани на дотоците што би го собирале отпадот и на тој начин би било спречено амбалажата да завршува во езерото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy