
ФОТО Нови снимки од возилото со кое е грабната Вања, каде е забележано и кој го управува?
Се појавија нови фотографии од настанот кој го потресе целиот регион, а во кој беа убиени 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
Фотографиите се објавени од страна на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного, кој втор ден објавува фотографии на кои се гледа возилото со кое беше извршено грабнувањето на Вања.
На првата фотографија која беше објавена, се гледа возилото „ситроен“ на бензинска пумпа со две лица кои се на возачкото и на совозачкото седиште. На снимката нема датум, а според неговите претпоставки, со возилото управува Панче, што значи дека таа е направена во период пред тој да биде убиен, а неговиот „ситроен“ да се искористи за киднапирањето и убиството на Вања.
Втората фотографија, наводно од некоја безбедносна камера наспроти зградата во која живееше девојчето, според Ного, е направена истото утро кога Вања киднапирана и однесена кон Бразда.
Тој најавува за во текот на утрешниот ден и снимки со кои располага како и детали за тоа кој и како го решил случајот со двојното убиство.
