
ФОТО: Новата кампања на Зара предизвика гнев кај корисниците на мрежата и повици за бојкот
Новата кампања на Зара предизвика бес и осуда на социјалните мрежи бидејќи употребата на статуи завиткани во бели чаршафи многумина потсети на сцените на страдањето во Газа.
Социјалните мрежи сега се „запалени“ бидејќи многу корисници го обвинуваат најпопуларниот бренд на Inditex Зара дека ги искористил убиствата во Газа во својата рекламна кампања.
Шпанскиот бренд на своите профили на социјалните мрежи сподели слики од најновата колекција на Zara Atelier со американската манекенка Кристен Мекменами.
Кампањата го прикажува Мекменами како стои во соба со кукли покриени со бели чаршафи, сè во урнатини. Според описите, најновата линија на Зара е „колекција со ограничено издание“ која ја слави „посветеноста на занаетчиството и страста за уметничко изразување“ на брендот.
Сепак, кампањата ги налути корисниците на Инстаграм и Ксу кои тврдат дека рекламата неверојатно потсетува на сцените на страдањето во Газа каде ваквите сцени на тела завиткани во бели чаршафи станаа секојдневие.
Зара се уште не понудила официјална изјава за наводите. Но, по серијата прозивки, брендот сепак ги отстрани контроверзните фотографии од своите профили.
По контроверзната реклама, многумина дури повикаа и на бојкот на нивниот омилен бренд.