
ФОТО Нов скандалозен случај: Куче се влече врзано за автомобил
Денес напладне, во реонот на Крива Паланка беше забележан вознемирувачки инцидент – куче врзано за автомобил.
Фотографиите, направени од очевидец, покажуваат портокалов Фиат Панда со регистрација од Крива Паланка, на лентата за итни случаи, додека животното е прицврстено со јаже или синџир.
Сè уште не е познато дали животното било влечено или оставено да лежи на патот.
Случајот предизвика бран гнев на социјалните мрежи, каде што корисниците бараат итна реакција од надлежните органи и кривична одговорност за сопственикот поради суровост кон животни.