
ФОТО: Ни ја исклучија климата во Собрание пред Уставните измени, се пожали Апасиев
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се пожали преки Твитер дека во Собрание е топло и дека е исклучена климата пред почетокот на седницата за уставни измени.
„Во 10:00 почнуваат уставните измени. Во 9:00 ни ја исклучија климата у Собрание. #ЧеличењеНаТаљатскиНачин“, напиша Апасиев на Твитер.
Со 10 гласа „за“ и 7 гласа „против“ Комисијата за уставни прашања го поддржа предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија, поднесен од Владата и му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот.
