ФОТО Невреме со град во делови од Македонија
Невреме проследено со град утрово го зафати село Ѓавото во општина Богданци. Силно невреме имало и во Мрзенци, Гевгелија. Нестабилноста се очекува да продолжи и во попладневните часови, не е исклучена можноста за ретка појава на ситен град.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Фото: Билјана Б.