
ФОТО: Несреќа кај Железничка станица – две возила се судрија…
Сообраќајна несреќа попладнево се случи кај Железничката станица во Скопје.
Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, од кои едниот автомобил е со скопски, а другиот со кривопаланечки регистарски таблички.
За среќа нема повредени лица, а направена е само материјална штета.
Екипите на МВР се на терен и го расчистуваат случајот.