
ФОТО Народот навали по лични документи и на новиот пункт без закажување во Кисела Вода
Долги редици кај новиот пункт за издавање лични документи без закажување термин.
Граѓаните и денеска го чекаат својот ред за вадење на лични документи во новиот пункт кој е отворен во рамките на Полициската станица „Пролет“ Кисела Вода, со цел да се забрза издавањето на документите со новото име на државата, што мора да се направи до 12 февруари 2024 година.

Инаку, пунктот се отвори вчера и предвидено е дневно да опслужува 1000 граѓани по принцип прв дојден, прв услужен.
Работно време е од 8 наутро до 18 часот, со можност за продолжување до 20 часот.
ФОТО: 4news.mk
