
ФОТО Мицкоски сепак отиде и во Ташмаруништа
Премиерот Христијан Мицкоски по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа.
„Традиционално за Илинден во струшко Ташмаруништа. Не ги заборавив луѓето со отворено срце и чиста мисла со кои заедно го одбележуваме повеќе години по ред празникот Илинден.
Нека е вечен споменот за паднатите борци за Македонија“, напиша Мицкоски.