
ФОТО К-15 слави 30 години со спектакуларни шоуа во „Борис Трајковски“
Култното хумористично трио од „К-15“ – Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров – вечерва, утре и во недела имаат специјални шоуа по повод 30-годишнината од првата емисија.
Настаните се под режисерска палка на Синиша Евтимов, а музиката од „Дуо трио“ ќе ја изведе оркестар од 30 музичари предводен од Џијан Емин.
Публиката има можност да ужива во нови скечеви и стари ликови, комбинирани со врвна сценска продукција и жива музика.
ФОТО: М. Андоновски за 4news.mk