
ФОТО Инцидент меѓу специјалци и граѓани кај Јахја-пашина џамијата
Три полициски возила, отежнат сообраќај и неколку лица приведени е епилогот по судирот вечерва меѓу специјални единици и граѓани во близина на Јаја Паша џамијата, дознава 4NEWS.mk
Според наши информации од терен, причината за инцидентот била стопиран автомобил од страна на специјалната единица Тигар.
Во возилото кое било запрено за контрола од полицијата како што дознаваме имало неколку лица.
Во моментов нема официјални информации од страна на полицијата.
