
ФОТО Илинденска блокирана, вработените во „Флораком“ и „Луна“ на протест за неисплатени плати
Вработените во „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното претпријатие Паркови и зеленило со блокади на булеварот „Илинденска“ протестираа поради неисплатените плати и неплатено здравствено осигурување.
Се уште немаме добиено плати за јуни велат незадоволните работници, кои најавуваат дека блокадите ќе продолжат се додека не ги добијат заостанатите плати.
„За жал нашите напори да се сретнеме со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје не вродија со плод. И повторно наидуваме на еден игнорантски однос и покрај тоа што од страна на Советот на Град Скопје пред 10 дена на ЈП „Паркови и Зеленило“ беа изгласани субвенции во висина од 80 милиони денари. Нашите протести ќе бидат секојдневни се до исполнување на барањата за исплата на плата на вработените“, изјави Стојанче Кашиковски од СУТКОЗ.