
ФОТО Игор го прослави 32 роденден со торта на која пишува „Сакам трикафта“, лекот поради кој министерот го нарече шоумен
Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во едно интервју кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, го прослави 32-риот роденден.
Тој имаше и торта на која пишува „Сакам трикафта“.
Пехчевски е познат во јавноста откако јавно побара итна набавка на лекот „Трикафта“, кој според истражувањата на експертите, ќе им дозволи на овие лица да имаат поквалитетен и подобар живот.
Во моментот, „трикафта“ примаат само 12 лица.

