
(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ГО ПОФАЛИЈА ДЕКА Е ВО ДОБРА ФОРМА: Румен Радев нуркаше во Црното Море
Бугарскиот претседател Румен Радев на Фејсбук објави фотографија како се спрема да нурка во Црното Море.
„Зачувувањето на бугарската природа е наша заедничка одговорност. Заедно можеме да го исчистиме и морското дно. Задоволство ми беше заедно со нуркачкиот тим од здружението „Пријатели на морето“ да нуркаме и да ја направиме областа на Црното Море околу островот Св. Анастасија почиста“, пишува тој.
Граѓаните му коментираат дека е во добра форма.

