
ФОТО Еве каква порака ќе ви стигне од МВР доколку возите со брзина над дозволената, но со законска толеранција!
Министерството за внатрешни работи воведе нов начин на комуникација со возачите, со цел да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот.
Доколку вашето возило биде снимено како се движи со брзина малку над дозволената, но сепак во рамките на законската толеранција, на вашиот мобилен телефон може да добиете информативна порака од MVR-INFO.
Според примерот кој се појави во јавноста, пораката ги содржи следните прецизни податоци:
Клучниот дел од оваа известување е појаснувањето дека не е изречена казна. МВР потенцира дека брзината е во рамките на законската толеранција, а самата порака е од превентивен карактер.
„Оваа порака е со превентивен карактер, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот“, стои во известувањето од МВР.
Оваа новина сугерира дека системите за мониторинг се активни и прецизни, а целта е да ги потсетат возачите да ја прилагодат брзината пред да дојде до посериозно пречекорување кое би значело и висока парична казна.

