
ФОТО Едно лице загина, две со изгореници по пожар утрово во Дебарца
Едно лице изгоре во пожар утрово во индивидуален објект во село Требеништа, општина Дебарца.
Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенирала на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа – Општина Дебарца.
При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен.
Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице.