
ФОТО Драган Ковачки го помеша Бујар Османи со Лепа Брена: „Им пречи се што е албанско на овие шовинисти криминализирани“
Пратеникот Драган Ковачки на друштвените мрежи објави фотографија на која напиша:
„За 54 маси и 500 столчиња за седење, Бујар ќе му плати на партискиот донатор ДУИ над милион. Апла крадење, без усул“.
Но најверојатно пратеникот не ја проверил фотографијата која пристигнала до него, па брзајќи направил и голема грешка. Тоа не е спортската сала „Борис Трајковски“, туку спортскиот центар во кој викендов настапи Лепа Брена во Софија, Бугарија.
Со реакција се јави и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Подоцна пратеникот ја избриша објавата.
