
ФОТО Чукна ѕвоното, граѓанските обврзници од денеска можат да се тргуваат преку Берзата.
„Стартот го означивме заедно со извршниот директор на Македонска Берза, Иван Штериев“, напиша на друштвената мрежа Фејсбук, министерот за финансии.
Доколку граѓаните сакаат парите што ги инвестирале да ги добијат пред истекот на обврзницата, можат тоа да го направат преку Берзата. Од друга страна, граѓанската обврзница може да се купи од страна на оние што не успеале да учествуваат на аукцијата на 13 јули.
Тргувањето на граѓанската обврзница ќе може да се направи преку банките и брокерските куќи.
Граѓаните ги препознаа предностите на овој нов иновативен производ што го понудивме на финансискиот пазар. На првата емисија интересот беше 2,5 пати поголем од објавениот износ и се уште има интерес.
