
ФОТО Целосно изгоре автомобил во струмичко Банско
Од Територијалана противпожарна единица од Струмица информираат дека попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица.
Според информациите, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
-Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот се испитуваат.