
ФОТО Братчињата од Делчево повторно го совладаа Илинденскиот маратон: пример за генерацијата
Инспиративен спортски подвиг доаѓа од Делчево – братчињата Филип, Максим и Калин годинава по вторпат успешно го испливаа Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2,5 километри.
Тие не само што се гордост за своите родители, туку се и светол пример за врсниците, соучениците и целата генерација. Со својата истрајност и волја, овие млади пливачи уште еднаш покажаа дека кога има решеност, нема предизвик кој не може да се надмине. Двапати влегоа во водите на Охридското Езеро – и двапати излегоа како победници.
Наместо насилство или говор на омраза, тројцата браќа со својот спортски дух и љубовта кон пливањето промовираат вистински вредности – натпревар во знаење, посветеност и издржливост. Тие се доказ дека вистинските херои не се секогаш на сцена – понекогаш пливаат со срце низ езеро.