
ФОТО: Автомобил удри во автобус – несреќа во Центар!
Во скопски Центар попладнево се случи сообраќајна несреќа.
Според информациите, автомобил удрил во задниот дел од патнички автобус во близина на Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Направена е материјална штета, а засега не е познато дали има повредени.
На терен е и полицијата која врши увид.