
Формирана нова политичка партија – Партија на Хрватите во Македонија
Во Македонија е формирана нова политичка партија – Партија на Хрватите во Македонија (ПХМ Скопје), дознава 4NEWS.mk. Централниот регистар ја запиша партијата на 22 август 2025 година, по одобрение од Основниот граѓански суд Скопје.
Партијата е основана на 20 август и е регистрирана како микро-субјект во Единствениот судски регистар на политички партии. Како претседател и овластено лице за материјално и финансиско работење е впишан Ненад Немет од Скопје.
Седиштето на партијата е во општина Карпош, а главната дејност е „активности на политички организации“.
Со оваа регистрација, политичката сцена добива уште една нова партија, чија цел е застапување на интересите на хрватската заедница во Македонија.