Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството
Македонија

Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството

16/05/2025

AA

Во согласност со својата трајна определба за поддршка на заедницата, Рудник САСА, преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше нов циклус на донации во три клучнин области: образование, култура и здравство. Најновите донации се насочени кон унапредување на условите за учење, зачувување на културното наследство и зајакнување на локалните капацитети во јавното здравство.

Во делот на поддршката на образованието, овој пат Фондацијата САСА донираше средства за набавка на 50 нови шкафчиња за учениците од прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, со што дополнително се унапредуваат условите за секојдневен престој на децата во училиштето и се поттикнува развојот на одговорност и организираност кај учениците од најрана возраст.

Дополнително, фондацијата донираше и 300 нови книги во градската библиотека „Крсте Петков Мисирков“. Оваа најнова донација ќе придонесе за натамошно збогатување на книжевниот фонд и поттикнување на читачката култура кај сите генерации. Благодарение на долгогодишната поддршка од Фондацијата САСА, библиотеката денес располага со над 14.500 изданија наменети за читателите од
сите возрасти.

Во рамки на својата поддршка за заштита и афирмација на културното наследство, фондацијата обезбеди нови автентични народни носии за најмладите членови (до 14 години) на културно- уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Се работи за комплети машки и женски носии од Пијанечкиот регион, кои ќе овозможат автентично претставување на локалното наследство на културни настани во земјата и странство. Заради унапредување на културниот живот во локалната заедница, фондацијата обезбеди и средства за ставање во функција на дигиталниот кино-проектор во Домот на културата во Македонска Каменица, со што повторно се овозможува пристап за жителите до филмски и мултимедијални содржини.

Овие донации се надоврзуваат на најновата поддршка наменета за зајакнување на локалните капацитети за здравствена заштита реализирана неодамна преку донациите за набавка на медицински средства и опрема, која вклучуваше респиратор и монитори за следење на состојбата на пациентите, наменети за општата болница во Кочани и Клиничкиот центар во Штип. Дополнително, беа обезбедени чаршави и навлаки за пациентите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

„Сите ние во Рудник САСА цврсто веруваме дека рударството не значи само бизнис, туку и одговорност за вложување во луѓето, образованието, културата, здравјето и останатите области кои се значајни за благосостојбата и просперитетот на заедница. Фондацијата САСА е гласот и алатката преку која се реализира ваквата општествено одговорна мисија на рудникот САСА и групацијата CAML. Охрабрени сме од тоа што поддршката што ја обезбедуваме носи придобивки за луѓето и го подобрува квалитетот на животот во заедницата и токму затоа ќе продолжиме со голема посветеност во оваа насока“, изјави Ивица Талевски, директор на Фондацијата САСА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy