Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот
Македонија

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

29/11/2025

AA

Фондот на ПИОМ соопштува дека исплатата на пензијата за ноември банкиате ја започнаа вчера и ќе заврши во понеделник на први декември 2026 година.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, исто така, ја информира јавноста дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира истата и не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има.

Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година.

Шпекулациите кои се пласираат во   од страна на СДСМ и политичкиот притисок кон Уставниот суд дека е загрозена исплатата на сегашните и идните пензии се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и граѓаните во државата. 

Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање кога веќе се знае дека  буџетот на Фондот на ПИОМ  за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии, за здравственото осигурување на пензионерите, како  и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб.

Во изминатата година пензиите беа покачени за 6000 илјади денари линеарно за секој пензионер и со тоа просечната пензија од 21.000 денари во септември 2024 се покачи на 27.000 денари во септември 2025 година.

Покачувањето и линеарното усогласување на пензиите во изминатата година се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалувањето на влијанието на инфлацијата врз истиот. Овие мерки на Владата  се особено насочени кон подобрувањето на финансиската состојба кај пензионерите со најнизок износ на пензии.

Фондот на ПИОМ уште еднаш потенцира дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, таа ќе биде континуирана секој први во месецот и гарантира за стабилноста на пензискиот систем.

Фондот на ПИОМ  укажува дека пензионерите, но и граѓаните не треба да подлегнуваат на политички  шпекулации и  информации кои се пласираат  од политичките партии во опозицијата, а се со цел да ги вознемират и да ја нарушат довербата во Фондот  како институција која со децении својата должност ја извршува навремено и професионално.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy