Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОЛКСВАГЕН НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД БЕНЗИНЦИТЕ – Развиваат нова генерација мотори
Економија

ФОЛКСВАГЕН НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД БЕНЗИНЦИТЕ – Развиваат нова генерација мотори

21/04/2023

AA

Покрај тоа што челниците на Volkswagen неодамна ја критикуваа новата регулатива за е-горивата, и повторија дека нивниот пат е електричен и дека оваа компанија целосно ќе се префрли на електрична енергија веќе во 2033 година, тие се уште не се откажуваат од развојот на нови бензински мотори. Сепак, за оваа „валкана“ работа ќе биде задолжена Škoda.

Иако во последните месеци речиси сите вести од Фолксваген се поврзани со електрификацијата, малку срамежливо, во јавноста протекоа информации за друга област која сè уште го храни вториот по големина производител на автомобили.

Групацијата VW можеби се оддалечи од бензинските и дизел моторите, но тоа не значи дека не смета на нив. Како што покажува најновото соопштение на Škoda, чешката марка доби задача да започне со развој на нова генерација мотори за целата групација VW.

Станува збор за серијата мотори EA211, бензински агрегати со три и четири цилиндри, кои се вградени во педесетина модели на VW Group. Компанијата од Млада Болеслав вработува 150 работници во одделот за технички развој кои исклучиво ќе работат на мотори со внатрешно согорување.

Позната е и целта, а тоа е производство на уште помоќни мали мотори, кои помалку ќе загадуваат. Погодувате, станува збор за имплементација на стандардот Еуро 7, поради што се вели дека автомобилите значително ќе поскапат. Дури се споменува дека поради нормата Еуро 7, од пазарот ќе исчезнат помалите, поевтини модели.

Како што пренесува Index.hr, Volkswagen ја претстави генерацијата на мотори EA211 во 2011 година, а во понуда се бројни верзии, од 1.0 MPI до 1.5 TSI мотори, со моќност од 48 до 115 kW.

Фото: EPA-EFE/Filip Singer

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy