
Фолк пејачката Снежана Ѓуришиќ се најде во учебник по македонски јазик за седмо одделение
Учебник по македонски јазик за седмо одделение предизвика реакции, откако во лекцијата „Штетни информации“ како пример е искористен изгледот на српската фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ.
Како што пренесува Скопје1, на страницата се прикажани нејзини фотографии со и без филтри, со објаснување дека ваквите содржини можат да наштетат и да создадат погрешна претстава за изгледот.
Исто така, во учебникот има и QR-код кој директно води до српскиот портал „Република“, а таму е објавена вест со наслов „Правото лице на Снежана Ѓуришиќ…“.
Родител кој го забележал примерот во учебникот вели дека бил шокиран од ваквиот избор.
Извор: Скопје1.мк