
Флуминенсе во одбрана го има столбот Тијаго Силва, Дортмунд не можеше ни гол да даде! (ВИДЕО)
Борусија Дортмунд влезе како благ фаворит во овој дуел, но фудбалерите на Флуминенсе изгледаа мотивирано и не дозволија да примат гол.
Одлична партија имаше искусниот Тиаго Силва кој и на 40 години е беспрекорен лидер во одбраната, тој е и капитен на бразилскиот тим.
Деби за Дортмунд имаше Џоб Белингем, но не успеа да направи нешто посебно и да донесе радост на неговиот нов тим.
Фото: X/Fluminense F.C.