
Флуминенсе е првиот финалист на Светското клупско првенство во Џеда (ВИДЕО)
Првото полувреме донесе изедначен меч и празни мрежи, а стрелец на првиот гол беше Ариас од пенал во 71. минута. Џон Кенеди ја потврди победата на Бразилците со погодок во 90. минута.
Противник на Флуминенсе во борбата за светската титула ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел помеѓу Манчестер Сити и јапонскиот тим Урава (утре, 19 часот). Поразениот од овој дуел, пак, ќе игра против Ал Ахли во борбата за третото место.
