Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИТР за грантот на Дрин Ахмети: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза
Македонија

ФИТР за грантот на Дрин Ахмети: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза

02/07/2023

AA

Фонд за иновации и технолошки развој денеска на официјалниот Фејсбук профил излезе со реакција во однос на написите во медиумите поврзани со работата на ФИТР, како и начинот на финансирање на проектите.

Од таму велат дека Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Северна Македонија.

„Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција“, велат од ФИТР.

Според нив, јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.

„Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.

Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој“, велат од ФИТР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
Македонија

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало

14/02/2026
Македонија

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека

14/02/2026
Македонија

Маж од Росоман со алат одземал фотоволтаични панели од нива!

14/02/2026
Македонија

Скопјанка со тврд предмет си го нападнала синот!

14/02/2026
Македонија

Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал

14/02/2026
Македонија

Маж со тупаници ја тепал својата бремена девојка – тргнале

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41461
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и му го одзеде возилото

14/02/2026

Вчера вечерта се случи инцидент кога 76-годишен скопјанец изгуби контрола над своето патничко возило „цитроен“ и излетал од коловозот на

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола кај Македонски Брод

14/02/2026

На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало да започнат бизнис

14/02/2026

На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од едно женско лице од Кавадарци

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy