Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИРМИТЕ „ПЛАЧАТ“ ЗА РАБОТНИК ПОВЕЌЕ, АГЕНЦИЈАТА БРОИ НАД 108 ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ – ќе се „скастри“ ли социјалната помош за да се види кому навистина му треба работа
Економија

ФИРМИТЕ „ПЛАЧАТ“ ЗА РАБОТНИК ПОВЕЌЕ, АГЕНЦИЈАТА БРОИ НАД 108 ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ – ќе се „скастри“ ли социјалната помош за да се види кому навистина му треба работа

10/05/2023

AA

Панични
повици за недостиг од работници. „Во Германија има потреба од толку и толку
илјади“, „Земјата ги олеснува условите“, „Во Хрватска нема кој да работи во
прекрасните ресторани на Јадранот“, „Хрватска и ги краде сезонците на Црна
Гора“ …, се само дел од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите. И
Македонија не остана имуна на тие алармантни предупредувања. Фирмите одамна со
крик дека итно ни е потребна работна сила, а се бараше, па веќе и се реализира
увоз на работници од неколку држави. Работите отиодоа дури и дотаму што „тврдите“
бранители на националната кауза се загрижија дека тоа може да ја смени
етничката структура на земјава.

Но, на
сите тие алармирања, податоците на Агенцијата за вработување говорат дека во
земјава невработеност сеуште постои, и тоа не е ни така ниска, и не може да се
врати на предковид состојбата.

Односно,
последните показатели на Агенцијата за вработување говорат дека заклучно со
март, во земјава имало 108.675 невработени лица. Точно е дека тоа значи ново
значајно месечно намалување на бројката на невработени, и тоа за 1.831
невработен, а точно е и дека од месец во месец бројката на невработени се
намалува.

Но, таа
сеуште не може да стигне до најниската бројка што постоеше пред да се разгори
пандемијата на коронавирусот, кога се вртеше околу 100 илјади невработени, а во
неколку месеци во 2018 година се спушти и под таа граница и беше нешто над 91
илјади невработени. Секако, треба да се има предвид дека „коронските“ затворања
на објекти доведоа до раст на невработеноста, па таа го достигна пикот во
февруари 2021 година, искачувајќи се на близу 160 илјади невработени, но потоа,
благодарение и на владините мерки, почна да се намалува. Сепак, засега не се
спушта под 100 илјади, иако приватниот сектор буквално „моли“ за работник
повеќе.

Фактор
на оваа тема разговараше со нашиот искусен бизнисмен и претседател на
Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, кој постојано го
истакнува проблемот со недостиг од работна сила.

Тој вели
дека голем дел од овие евидентирани невработени од Агенцијата за вработување,
се всушност корисници на социјална помош, или, пак, работат на црно, а дел заминале и во странство, па кога ги
барате за да им понудите работа, не се ни јавуваат на своите телефони,
едноставно не можете ни да ги најдете.

„Тоа го
изјави самиот директор на Агенцијата за вработување. Тој кажа дека од сите овие
огромен број невработени, кога ги бараат на телефон, дали двајца или тројца ги
добиваат, другите не можат да ги најдат. И тоа е факт дека голем дел од овие
луѓе, или се отидени да работат надвор од државава, иселени, или работат на
црно, или пак, не сакаат да прифатат работа поради своите социјални бенефиции. Тие
користат социјална помош, помош за енергетска сиромаштија и слични бенефиции, и
не сакаат да ги изгубат. На пример, ако во некое семејство мајката и такото
користат социјална пшомош, и само ако синот се вработи, целото семејство ја
губи социјалната помош. Затоа, на овие луѓе можеби повеќе им се исплати да
добиваат социјална помош и да работат на црно, отколку да се вработат некаде и
да ја добиваат минималната плата“, објаснува Димитров.

Тој
наведува и втора причина зошто, како што вели, не е реална бројката од 108
илјади невработени.

„Во таа
бројка има и многу млади, кои имаат завршено високо образование, и не сакаат да
прифатат работни места кои бараат пониски квалификации. Затоа тие, без разлика
што ќе седат извесен период без работа, многу од работните места што се нудат,
не сакаат да ги прифатат. Но за жал, за нивната струка нема работа“, објаснува
овој бизнисмен.

Од друга
страна, пак, како што вели, треба да се има предвид дека 40 отсто од
пријавените како невработени немаат ни основно образование, а плус 10 отсто
немаат ни средно. А, од друга страна се оние „преобразованите“, кои не сакаат
да прифатат многу од работните места.

Според
Димитров, мора да се спомене и проблемот со земјоделството. Имаме голем број
мали земјоделски семејни фарми, каде што е пријавен само еден вработен, а
работат уште најмалку еден, двајца или тројца на таа фарма, но тие се
ангажирани на црно.  

„Значи,
многу голем знак прашалник е дали таа бројка од 108 илјади невработени е
реална. Дури, прашање е дали вистинската невработеност е 10 отсто од таа
бројка. Зошто инаку постојано имаме огласи со девет до 10 илјади отворени
работни места, зошто тие не би се пополниле ако имаме толку многу невработени. Многу
од директорите на Агенциите за вработување говорат дека кога работници бараат
инвеститорите во ТИРЗ-овите, ако се бараат на пример, 200 до 300 работници,
дали ќе се јават двајца или тројца“, вели Димитров.

Тој се
прашува зошто државата не го прифаќа неговиот предлог, а тој е Агенцијата за
вработување, доколку некој од невработените не го добие за да му понуди работа,
веднаш за тоа да го извести Центарот за социјални работи, а нивните инспектори
веднаш да излезат на терен и да го проверат тоа лице, дали е дома или дали
работи некаде на црно. Доколку работи на црно треба да се ангажира Државниот
инспекторат за труд, а тоа лице би требало да ја изгуби социјалната помош“,
смета Димитров.

Според
него, само на тој начин државата ќе има прецизна слика за тоа дали и колку
невработени навистина имаме, и колку всушност имаме недостиг од работна сила.

Тој
смета дека доколку се прифати овој негов предлог, многу од работоспособното
население ќе се врати на пазарот на трудот, и тоа ќе се искористи многу попродуктивно.

А, државата веќе и работи на такви промени во регулативата.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, неодамна на едно
телевизиско гостување, рече дека државата работи на законски измени, со цел да
ги врати работоспособните граѓани на пазарот на трудот.

„Евидентно е дека имаме
недостиг на работна сила во државата, меѓутоа исто така имаме и голем број
домаќинства на приматели на гарантирана минимална помош, а е работоспособно
население. Затоа правиме измени на Законот на социјална заштита за да можеме да
ги вратиме на пазарот на труд“, истакна министерката.

Таа смета дека граѓаните не треба да бидат долго време во системот за социјална
заштита, туку треба економски да се зајакнуваат. Тренчевска откри дека се работи и на други законски решенија кои ќе значат лесна пријава
и одјава од пазарот на трудот.

Според
министерката, државата не може да си дозволи со
години некои луѓе да ги става во системот за социјална заштита, тие таму да се
навикнат и да не работат.
„Со измените на законот нема да може да се одбива работа ако се
приматели на гарантирана минимална помош. Условите за влез во системот на
заштита беа олабавени поради коронакризата, но време е да ги заостриме
критериумите. Треба да ги вратиме на пазарот на труд сите кои три години се во
системот на социјална заштита и се чувствуваат комотно,
а можеби работат на црниот пазар и во сивата економија“,
истакна Тренчевска.

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy