
Фирмино подготвил 200 подароци за луѓето во Ливерпул (ВИДЕО)
Фирмино подготвил 200 подароци за своето збогување, нив ќе им ги даде на неговите специјални гости кои ќе дојдат во недела навечер во Ливерпул, вклучувајќи вработени во клубот, соиграчи, пријатели и семејство.
Кутијата со подарок вклучува специјален дрес потпишан од него, како и парфем „Фирмино“.
Се уште е нејасно кој ќе биде следниот клуб на Фирмино. Тој сака сезоната да заврши, па потоа да почне да размислува за иднината.
