Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИРМАТА ЌЕРКА НА ЕСМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПАРНО НАТРУПА ДОЛГ ОД 28 МИЛИОНИ ЕВРА – како стана трет најголем државен должник? Борчот ќе се пегла од Буџетот
Економија

ФИРМАТА ЌЕРКА НА ЕСМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПАРНО НАТРУПА ДОЛГ ОД 28 МИЛИОНИ ЕВРА – како стана трет најголем државен должник? Борчот ќе се пегла од Буџетот

10/08/2023

AA

Додека
скопјани ја очекуваат есенската „честитка“ за цената на парното, односно
одлуката на регулаторите за тоа дали ќе има и за колку зголемување на цената, две
од трите друштва на ЕСМ кои го обезбедуваат главниот град со топлинска
енергија, натрупале прилично големи долгови.

И не
само тоа, туку избиле во врвот на државни должници според сумите на доспеани, а
неплатени обврски кон доверителите.

Тоа го
покажуваат податоците кои секој квартал ги објавува Министерството за финансии,
за неплатените долгови на сите државни и општински институции и органи.

Најновите
табели на Министерството за финансии говорат дека заклучно со крајот на јуни, друштвото
за дистрибуција на топлинска енергија – ЕСМ Дистрибуција Скопје, наталожило неплатени обврски кон доверителите од дури 27,7 милиони
евра, со што избило на неславното трето место на листата на државни должници,
место кое инаку е резервирано за долгогодишни и непоправливи државни
институции, кои никако не успеваат да ги подмират своите обврски.

Пред
ЕСМ Дистрибуција на крајот на вториот квартал од годинава се само МЖ Транспорт
со долг од 69,6 милиони евра, и МЖ Инфраструктура, чии неплатени обврски се
34,5 милиони евра.

Притоа,
Фактор погледна и во извештајот за државните должници за првиот квартал од
годинава, од кој може да се види дека ЕСМ Дистрибуција тогаш должеле 22,5
милиони евра. 
Ова
значи дека за само три месеци, фирмата ќерка на ЕСМ која е задолжена за
дистрибуцуијата на топлинската енергија до 60 илјади скопски домаќинства, го
зголемила својот неплатен долг за 5,2 милиони евра.

На
крајот на јуни годинава уште една компанија на ЕСМ поврзана со парното, односно
ЕСМ снабдување, наталожила прилично „мрсен“ долг од 13,5 милиони евра, со што
избива на шесто место на листата на државни должници.

А само
за споредба, три месеци претходно, односно на крајот на март, долгот на ЕСМ
снабдување бил само 12 илјади евра, и оваа компанија била многу долу на листата
на државни должници.

Додека,
пак, ЕСМ производство на топлинска енергија, нема никакви, односно неговата
состојба буквално е нула доспеани, а неплатени обврски кон доверителите.

Како
што е познато, сѐ до лани, односно до грејната сезона 2021/2022 година,
скопјани беа снабдувани со парно од БЕГ, приватна компанија, која потоа не
можеше да ги издржи високите цени на гасот и се откажа од лиценците за
обезбедување на топлинска енергија. Потоа државата
топлинската енергија ја зеде под свое, и производството, снабдувањето и
дистрибуцијата им го довери на компаниите на државното
ЕСМ, кое склучи и нови договори со потрошувачите.

На крајот на март беше обелоденето дека БЕГ останува должен со 4,6 милиони евра обврска кон државата, по заемот што го доби со настапувањето на енергетската криза. 

Во меѓувреме ЕСМ со посредништво на Регулаторната комисија за
енергетика направи „компензациски договор“ со БЕГ,
согласно кој требаше да се обиде да ги наплати обврските од август па натаму. ЕСМ и БЕГ за грејната
сезона 2021/2022 склучија Договор за деловно-техничка соработка во јануари
2022 година. Враќањето на средствата кон ЕСМ требаше да се реализира најдоцна
до усвојување на годишната завршна сметка за 2022 година за БЕГ, односно март
2023 година.

Според сознанијата на Фактор, ЕСМ дистрибуција во изминатиот период немала
добра наплата на сметките за парно од скопските граѓани, иако не се обелоденува
колкав е точниот процент. Дополнително, фирмата не сакала да оди со наплата на
своите побарувања со извршители, што дополнително го отежнува прибирањето на
парите за испорачаната топлинска енергија.

Инаку,
одлуката за тоа дали и колку ќе поскапи парното, ќе се донесе наесен. Во Буџетот за
годинава се одвоени средства во износ од
250 милиони евра за антикризни мерки, а една од нив е и субвенционирање на
парното греење во Скопје.

„Ќе ги видиме пресметките
што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и
проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се
произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи
субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните, исто како што
обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година“,
изјави неодамна премиерот Димитар Ковачевски.

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за
енергетика, неодамна
изјави дека компаниите
на ЕСМ кои бараат поскапување на цената на парно греењето тоа го правдаат со
поскапените материјали и опрема за работа на глобално ниво.

ЕСМ Дистрибуција до РКЕ од август ќе бара повисока цена за 50
отсто, ЕСМ Снабдување поскапување за 54,2 проценти, а ЕСМ Производство
намалување за 29,42 отсто.

„Факт е дека има одредени
трошоци во однос на материјалите, во однос на опремата, што се должи пред се на
глобалното зголемување на цените не само во Македонија, туку насекаде низ
Европа. Во овој момент ги разгледуваме барањата, а дополнително она што влијае
на зголемувањето нацената е тоа што сега треба да ги признаеме оние трошоци за
природен гас од јануари 2022“, рече Бислимовски.

Тој додаде дека комисијата ќе бара решение да нема ценовен шок за
топлинската енергија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy