
Фиорентина во последните пет минути со пресврт за победа против Рома (ВИДЕО)
Рома беше безмалку на чекор до победа откако Стефан Ел Шарави по 11 минути погоди во мрежата на Фиорентина и сѐ изгледаше дека римјаните и десеткувани, без поголем дел првотимци ќе победат, но Лука Јовиќ и Џонатан Иконе во последните пет минути направија пресврт.
Јовиќ погоди во 85-та минута, а Иконе во 88-та за Фиорентина да ја запише 14-та победа сезонава, а Рома 11-от пораз. Римјаните останаа шести со 60 бода, еден пред седмиот Јувентус, додека Фиорентина со 53 е деветта.
Фиорентина ќе игра европско финале во Конференциската лига на 7 јули против Вест Хем во Прага.