
Фиорентина со триумф ја заврши сезоната во Серија А
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, а прв во листата со стрелци се запиша Кабрал од Фиорентина во 47. минута.
Берарди ја врати неизвесноста во 70. минута од пенал, кога израмни на 1-1, а потоа Сапонара ги врати гостите во водство.
Само неколку минути подоцна Тресолди доби црвен картон, а тоа им овозможи на гостите да постигнат и трет гол преку Гонзалес за триумф од 3-1.
Фиорентина ја заврши сезоната на осмата позиција со 56 бодови, додека Сасуоло во моментов е на 13. место со 45 и може да загуби неколку места ако слават Емполи и Салернитана во последното коло.
