Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите
Економија

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

19/04/2024

AA

Финансиската инспекција на Министерството за финансии издало лани 333 казни во висина од 9.,363.375 денари (152.500 евра) за државни институции и нивните раководители кои работеле неправилно, или злоупотребувале буџетски пари. Нешто повеќе од милион денари биле платени во рамки на осум дена од изрекувањето на „глобата“. 

Ова го покажува извештајот за 2023 на Финансиската инспекција во јавниот сектор, која функционира од 2015, а наодите и казните се зголемени особено во последните две години. Во претходните годишни евиденции нема особени податоци за работењето на овој сектор кој е во развој.

Според она што го пишува во извештајот, финансиските инспектори треба и „да враќаат пари во буџетот“. Така, во Основното јавно обвинителство било пријавено дека „шест субјекти“ од јавниот сектор не сакале да вратат 325.751 евра во државната каса.

Бројот на 333 казни за „сомнително управување со буџетските пари“ е радикално зголемен во однос на претходната година кога имало само 116 санкции, а и тие биле побројни од претходните години. Вкупната висина на изречените казни е зголемена за 50 отсто.

Имало 2.054 пријави од субјекти за неправилно работење или сомневање во евентуално кривично дело со финансиското работење во јавниот сектор. Постапено е по 502 пријави со дадено овластување на инспекторите. И оваа бројка е зголемена во однсс на една година претходно, додека во периодот од 2015 до 2021 имало севкупно само 1.218 пријави.

Овој сектор на Министерството за финансии функционери од 2015 и го проверува сметководството, финансиските обврски и дисциплина, како и исплатите на многубројните јавни институции. Од таму велат дека 2023 била година на позитивни трендови и зголемен ефект на оваа инспекција, бидејќи институциите кои вршат дејности од областа на
културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита го зголемиле пријавувањето на превземените обврски и неплатените долгови – доспеани и недоспени. Финансиската инспекција за ова реагирала 1.411 пати, а доколку изрече казна – таа може да биде од 1.000 до 2.000 евра за функционерот кој не ги пријавил редовно долговите на неговата институција до Министерството за финансии.

Станува збор за околу 20-тина инспектори кои го контролираат финансиското работење на државните органи и институции на централно и локално ниво, како и евентуално дали има злоупотреби и измама со пари од фондовите на ЕУ, со цел да се заштитат буџетските средства.

Нивното работење опфаќа фондови, агенции, јавни претпријатија, општините, Град Скопје, јавни установи и непрофитни организации и фирми кои работат со средства од буџетот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy