Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами за злоупотреба на службената положба
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами за злоупотреба на службената положба

19/02/2025

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Пријавениот П.Б во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое преставува посебен услов предвиден во јавниот повик. Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2 иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп. Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра. Исто така, деловните простории  не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија.  На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на  деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари.

Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата.

„Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, велат од ОЈО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy