Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска упадна во кумановска компанија – уапсена братучетката на Спасовски!
Македонија

Финансиска упадна во кумановска компанија – уапсена братучетката на Спасовски!

09/04/2025

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против едно физичко лице  во својство на управител и одговорно лице во правно лице како и против две службени лица, поради основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела , Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 4 в.в.  став 1 од КЗ, Проневера во службата од член 354,  став 3 в.в  став 1 од КЗ и Несовесно работење во службата од член 353,  став 2  в.в  став 1 од КЗ.

Првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила на РСМ, иако бил свесен дека од страна на правниот субјект Пин Петрол ДОО Куманово не се врши редовна и перманентна уплата на парични средства по основ на надоместок за јавни патишта кон Јавното претпријатие за државни патишта согласно месечните извештаи за ставки од Регистрација според вид и подкатегорија на возила од надоместокот за Јавни патишта, ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од Јавното претпријатие за државни патишта со Договор за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса) а за кој претходно правното лице Пин Петрол ДОО Куманово има добиено ОВЛАСТУВАЊЕ од Министерството за внатрешни работи на РСМ да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од Договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон Јавното претпријатие за период од 01.08.2019 до 30.09.2024 година.

Второпријавената Г.С.П. во својство на Службено лице, во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост – Скопје, Договорна пошта Куманово со правниот субјект ПИН ПЕТРОЛ ДОО Куманово, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта, ги присвоила за себе, наместо истите да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта, а за што била должна согласно Договор за вработување во ПИН ПЕТРОЛ и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на ПИН ПЕТРОЛ склучен со ЈПДП, на начин што второпријавената извршила фалсификување на налози за уплата со цел на дознака Фонд на патишта кои се регистрирани во системот за наплата на АД ПОШТА под ист референтен број за две различни лица кои извршиле уплата и со тоа предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Третопријавената Н.С. во својство на службено лице  во Јавното претпријатие за државни патишта, постапила несовесно при вршењето на своите овластувања и должности на начин што пропуштила должна контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед Пин Петрол Куманово по основ Патна такса и покрај тоа што на увид ги имала месечните извештаи од станицата за технички преглед каде е наведено колкав износ по горенаведениот основ е наплатен од нивна страна, со што предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.     

Со горенаведените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од 22.294.343,00 денари.

Според информации на 4NEWS.MK од акцијата, pриведена е Габриела Спасовска Крстевска, инаку братучетка на екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy