Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска со кривични пријави за неколку лица од АД ЕСМ!
Македонија

Финансиска со кривични пријави за неколку лица од АД ЕСМ!

13/02/2025

AA

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ по член 353 став 1 од КЗ. Како и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 4 од КЗ.

Првопријавениот П. М. во постапката за јавна набавка бр.11935/2022 за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања како директор на РЕК Битола, на начин што на ден 19.08.2022 година, донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која Одлука противправно ја отфрлил понудата на Гранит АД Скопје иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки и спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари.

Второпријавениот Д. П, третопријавениот Б. Ѓ. и четвртопријавениот Т. А, во својство на членови на стручна комисија за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручната комисија задолжена за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди, на начин што пријавените при евалуација на пристигнатите понуди, противправно дoнеле мислење и предлог до Комисијата за јавни набавки за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М, во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Петтопријавената С. М, во својство на претседател на комисијата за јавна набавка, шестопријавената А. К. и седмопријавениот Љ. С, во својство на членови на комисијата за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на комисијата за јавни набавки, на начин што пријавените во Извештајот од спроведена постапка за ЈН бр.11935/2022 противправно ја оцениле како неприфатлива понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М., во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Осмопријавената А. М. С во својство на раководител на одделението за управна контрола при БЈН, деветопријавената А. У во својство на виш соработник за управна контрола во одделение за управна контрола при БЈН и десетопријавената Д. Ј. во својство на помлад соработник за контрола на постапката за јавна набавка во одделението за управна контрола при БЈН, со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапка за јавна набавка бр.11935/2022 спроведена од РЕК Битола за што е изготвен Записник од извршена управна контрола бр.17-1316/3 од 06.09.2022 година, со кој Записник наместо да му наложат на договорниот орган да изврши повторна евалуација на понудите согласно член 177 став од ЗЈН, со записникот, на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка, на кој начин го одобриле образложението на Комисијата за јавни набавки и стручната комисија при РЕК Битола за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин понудувач и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, со што пријавените противправно ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М. , во својство на директор на РЕК Битола да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино, пријавените овозможиле правното лице РУД-КОП ДООЕЛ Битола да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy