
Финансиска полиција во вторник влегува во М-НАВ
По празникот, во вторник Финансиска полиција влегува во М-НАВ, дознава 4NEWS.mk
Оваа одлука следува откако во текот на вчерашниот ден вработен со непознати лица упадна во институцијата и нападна колеги, а настанот предизвика лавина реакции во јавноста.
Финансиската полиција ќе ја проверува документацијата поврзана со јавни набавки, тендери, синдикатот…
Вчера од Владата испратија соопштение во кое се вели дека на следната седница ќе се донесат одлуки врзани со состојбата во М-НАВ.
Од таму велат дека целото раководство и сите членови на Управниот одбор ќе бидат разрешени, и ќе се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
