Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска полиција поднесе кривична пријава против две лица за даночно затајување вредно 64,9 милиони денари
Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против две лица за даночно затајување вредно 64,9 милиони денари

19/12/2025

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во периодот 2020 – 2023 година присвоил за себе трговска стока – златен накит во вредност од 197.742.227 денари, при што не пресметал, непријавил и не уплатил ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 35.593.601 денар и Данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 21.969.161 денар, притоа предизвикувајќи штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 57.562.762 денари.

Второпријавениот Д.Х. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје во 2024 година со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во текот на 2024 година дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во износ од 2.628.932 денари како и сметководствено евидентираниот кало-растур во грама 7.822,61, односно во износ 22.659.754 денари, ги присвоил за себе, на кој начин избегнал да пријави, пресмета и плати ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 4.551.963 денари и данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 2.809.573 денари, притоа предизвикувајќи штета на буџетот на РС Македонија за 2024 година во вкупен износ од 7.361.536 денари.

Со преземените дејствија пријавените во периодот 2020 – 2024 година се стекнале со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, со што го оштетиле Буџетот на Р. Северна Македонија во вкупен износ од 64.924.298 денари.

По насоки на Основно јавно обвинителство Скопје во текот на денешниот ден од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавените лица се лишени од слобода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy