Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финалето меѓу Алкалоид и АЕК не се одигра – двете страни со меѓусебни обвинувања
Македонија

Финалето меѓу Алкалоид и АЕК не се одигра – двете страни со меѓусебни обвинувања

25/05/2025

AA

Очекуваното финале меѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина во СЦ „Борис Трајковски“ заврши неславно – натпреварот воопшто не се одигра. Додека трибините беа преполни и македонската публика подготвена за голема ракометна вечер, гостинскиот тим од Атина не се појави на теренот.

Од РК Алкалоид обвинија дека одлуката натпреварот да не се одигра не била нивна вина, туку резултат на одбивањето на АЕК да настапи. Клубот информира дека останува во постојана комуникација со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и најави дека навремено ќе ја информира јавноста за исходот од овој случај.

„Огромна благодарност до сите навивачи кои вечерва беа со нас. Жално е што не по наша вина не дојде до одигрување на финалето. Очекуваме одлука од ЕХФ,“ се вели во официјалното соопштение на Алкалоид.

Од другата страна, АЕК преку своите официјални канали потврди дека одлуката да не излезат на терен била, како што ја нарекоа, „тешка, но принудна“. Според нив, причината е тоа што дел од нивните навивачи не биле пуштени да ја преминат границата и не им било дозволено да присуствуваат на натпреварот, иако, како што тврдат, тоа било договорено на утринскиот безбедносен состанок.

„АЕК значи чест, морал и семејство. Нашата администрација едногласно донесе одлука да не играме кога не се почитува нашата поддршка – навивачите,“ стои во нивната објава.

Ситуацијата доби сериозен меѓународен карактер, а се очекува ЕХФ да донесе конечна одлука дали и кога ќе се одигра финалето, и дали ќе следуваат санкции за некоја од страните.

Публиката која со нетрпение го очекуваше натпреварот си замина разочарана, а љубителите на ракометот останаа без одговор на прашањето – кој е вистинскиот победник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy