ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО КУМАНОВО: Намерно удриле во возило, пукале кон возачот и собрале 150 илјади евра!
Грабеж како од филмовите се случил вечерва во Куманово.
Неколку лица со возило марка Ренџ Ровер предизвикале судир со автомобил на кумановец, па пукале, му одзеле торба со пари и го запалиле возилото.
Настанот се случил вечерва на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, соопшти вечерва СВР Куманово.
„Денеска во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а од ТППЕ Куманово потврдуваат дека го изгасила опожарено возило.